More

    Истрага за подметнување пожар, потпалувачот во бегство

    spot_img

    Скопјанец, кој сега е во бегство, со коцки со керозин ја запалил зградата каде што е сместена Адвокатската комора на Македонија.

    Основното јавно обвинителство Скопје информираше дека спроведува истрага против 41-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил тешки дела против општата сигурност.

    На 25 ноември осомничениот со умисла подметнал пожар во просториите на Адвокатската комора, која се наоѓа на улицата Методија Шаторов – Шарло и предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од поголеми размери.

    „Една недела претходно, осомничениот набавил секира со гумирана рачка, плинска запалка, заштитни ракавици и 48 коцки за потпалување со керозин. На критичното утро, со сопственото возило дошол во близина на зградата каде се сместени просториите на Адвокатската комора, маскиран со „фантомка“ и со секирата ја скршил влезната врата. Коцките керозин ги наредил на скалите, а врз нив ставил повеќе плински боци и со употреба на плинската запалка ги потпалил. Со тоа предизвикал пожар од поголем обем во станбената зграда. Причинетата штета се проценува на околу 9.255.000 денари. Само 30-тина минути по настанот осомничениот со сопственото возило, преку граничниот премин Блаце ја напуштил државата“, соопшти Јавното обвинителство.

    Фактот што тој се крие и е недостапен за органите на прогонот, можноста да го повтори делото или да ја попречи постапката со влијание на сведоците се основи поради кои јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд во Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

    „Мерката ќе започне да се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода, а во меѓувреме по него ќе биде распишана потерница“, додава ЈО.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img