Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. За уште едно лице е поведена постапка поради сомненија за помагање по извршување на кривичното дело, соопшти ЈО.
„На 10 декември, во селото Мирковци, сега осомничениот 37-годишник со умисла се обидел да лиши од живот едно лице, а мотивот му била претходна меѓусебна нетрпеливост поради нерасчистени должничко-доверителски односи. Тој отишол до домот на оштетениот, каде пред вратата извадил огнено оружје, пиштол, и испукал еден куршум кон жртвата, но не успеал да го погоди. Куршумот завршил во ѕидот веднаш до рамката од влезната врата, во висина на градите на оштетениот, кој веднаш кога го забележал пиштолот се повлекол во внатрешноста на куќата и ја затворил влезната врата, која автоматски се заклучува. Осомничениот започнал да тропа и удира со нога на затворената влезна врата, па откако не успеал да влезе во куќата, побегнал од местото, заедно со лицето кое постои сомнение дека му помагало по сторувањето на кривичното дело да не биде откриен“, соопшто ЈО.
На предлог на јавниот обвинител Основниот кривичен суд Скопје опредли притвор во траење од 30 дена на осомничениот за обид за убиство.