Истрага на УЕФА против ирските фудбалерки

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Европската фудбалска федерација (УЕФА) отвори истрага против женската фудбалска репрезентација на Република Ирска поради наводна прослава на пласманот на Светското првенство со песна за поддршка на Ирската републиканска армија (ИРА).

Ирските фудбалерки обезбедија дебитантски настап на Мундијалот 2023 совладувајќи ја Шкотска во плејофот со 1-0 на стадионот „Хемпден парк” во Глазгов.

Пласманот на завршниот турнир чии домаќини ќе бидат Австралија и Нов Зеланд, фудбалерките на Ирска бурно го прославија, а во еден момент во соблекувалната наводно скандирале песна со поддршка на ИРА.

Снимката се најде на социјалните мрежи, а УЕФА веднаш поведе истрага за случајот.

– Етичкиот и дисциплинскиот инспектор ќе го истражат овој случај на потенцијално непримерно однесување на ирските фудбалерки – соопшти УЕФА.

Share This Article