More

    Историските прашања нема бидат предуслови за придвижување на преговорите со Бугарија

    spot_img

    Министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за Телма вели дека Португалскиот предлог е основа за решение на спорот со Бугарија.

    Османи вели дека по однос на билатералните прашања нема да се дозволи да има посебно поглавје, а историските прашања нема да бидат критериум за придвижување на процесот напред.

    – Мене ми е најважно прво да се утврди дали има политичка волја пред да пристапима кон конкретните прашања, конкретните решенија и документи. Засега не гледаме политичка волја во Софија. Во моментот кога ќе видиме сигнал дека таму има политичка волја, тогаш ќе влеземе во тие разговори како понатаму во однос на конкретните предлози. Во однос на јазикот, ние сме кажале дека Португалскиот предлог е основа за решение, исто така и по однос на билатералните прашања дака ниту ќе се дозволи ниту да има посебно поглавје ниту историските прашања да бидат бенч маркови, или предуслови за придвижување напред во процесот – изјави Османи.

    На прашањето дали Министерството за надворешни работи ќе бара од Собранието да одлучи дали да се продолжи со процесот понатаму, Османи вели дека за тоа е изгласана Декларација која исцртува рамките на македонската позиција.

    – Собранието има изгласано Декларација која ги исцртува рамките на нашата позиција. Доколку би се излегло од тие рамки, се разбира дека би барале амин од Собранието. Сѐ додека сметаме дека сме во рамки на Декларацијата, мислиме дека имаме мандат да продолжиме да разговараме – вели Османи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img