Историска зграда денеска се урна во истанбулскиот кварт Бешикташ. Под урнатините на зградата има затрупано лице, објавија очевидци цитирани од турската државна телевизија ТРТ-Хабер.
Трикатницата се урна при реставрација. Инцидентот се случил околу 15 часот и 30 минути.
При уривањето биле затрупани две лица. Едно лице е извлечено од под урнатините од луѓето од околината, јави агенцијата Анадолија.
Преземена е акција за спасување на потрупаното лице. Во областа се испратени полициски екипи, пожарникари, медицински лица, екипи на Управата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД). Во акцијата за спасување е вклучено и специјално обучено куче