More

    Истокот на Украина се спрема за руски пробив

    spot_img

    Илјадници граѓани на истокот од Украина се спремаат за голема руска офанзива која веќе се случува во пет области долж фронтот од 1.000 километри. Откако Русите ја зазедоа Авдиевка на 17 февруари сѐ погласни се анализите дека Русите напредуваат. За две години над 1,2 милиони луѓе го напуштиле Доњецк, пишува Би-Би-Си во сопствена репортажа.

    И додека познатиот Институт за проучување на војната неодамна анализираше дека Русија остварила една од „единствените големи победи“и ги посочи новите села Хеорхиивка, предградијата на Краснохоривка, северот на Побиеда и југозападот на Доњецк како џебови каде Русите напредуваат споредени со геолокациски мапи и шпекулации на руски блогери, „Вашингтон Пост“ објави една друга битна вест – дека Украина кубури со персонал од 700.000 војници.

    Весникот пишува дека Зеленски и високите генерали не успеале да направат јасен план за регрутација, а сето ова доаѓа во време кога Русите напредуваат.

    „Намалениот број на борбено способни украински војници сега е стратешка криза која барем делумно беше виновна за повлекувањето од Авдиевка и околните села, каде што украинските сили беа побројни“, пишува американскиот весник.

     

     

    Во статијата се коментира дека врховниот командант на украинската армија Валериј Залужни бил сменет токму затоа што немало стратегија за мобилизација, но се додава дека ниту неговиот наследник Александар Сирски, ниту Претседателството ќе знаат што да прават во врска со ова прашање.

    „Вашингтон Пост“ исто така оценува дека не се точни бројките за украинските загуби кои Зеленски ги преставил пред западните партнери.

    „Зеленски долго време се обидуваше да ги контролира јавните пораки за воената состојба со цел да го зачува јавниот морал. Минатиот викенд тој за прв пат јавно го објави бројот на загинати украински војници, велејќи дека од февруари 2022 година, 31.000 биле убиени, а оваа бројка не можеше да биде независно потврдена, пишува „Вашингтон пост“.

    Од друга страна, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на крајот на февруари изјави дека Украина изгубила повеќе од 444.000 војници од почетокот на војната.

    „Њујорк тајмс“, кој прв се огласи по тврдењата на украинскиот претседател, не беше убеден во оценките на Зеленски.

    „Бројот на загинатите припадници на вооружените сили на Украина во последните две години од конфликтот, наведен од Зеленски, е во спротивност со проценките на американските власти кои минатото лето ги процениле загубите на многу поголеми, велејќи дека загинале близу 70.000 Украинци, додека меѓу 100 и 120.000 се ранети“, објави американскиот весник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img