Истокот и Западот имаат различна верзија за заминувањето на опозиционерот

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Светот реагираше на ненадејната смрт на рускиот опозиски лидер Алексеј Навални, а причината останува нејасна додека Западот и Истокот веќе излегуваат со различни стории.

Додека портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков вели дека се спроведува истрага и декља рускиот претседател Владимир Путин бил известен за смртта на Навални, началникот на кабинетот на Навални Леонид Волков изјави дека известието на затворската служба за смртта „мора да се протолкува како признание“, пишува Ројтерс.

Претходно Волков рече дека не може да ја потврди смртта, додавајќи дека адвокатот на Навални патувал до местото на затворот каде што опозицискиот лидер ја отслужувал казната.

Уредникот на рускиот весник и добитник на Нобеловата награда за мир Дмитриј Муратов напиша дека верува дека Навални бил убиен.

Портпаролката на руското МНР Марија Захарова изјави дека Западот избрзал со заклучокот за смртта на опозиционерот во време кога форензичките податоци се недостапни. Таа кажа дека обвинувањата на Западот за смртта на Навални се „самооткривачки“.

Заменикот на Навални на Икс напиша дека роднините на Навални треба да бидат известени за неговата смрт во рок од 24 часа, но дека уште нема известување.

Британскиот премиер Риши Сунак на Икс се огласи:

„Ова се ужасни вести. Како најжесток застапник за руската демократија, Алексеј Навални демонстрираше неверојатна храброст во текот на својот живот“.

Реакцијата на министерот за надворешни работи на Франција на Икс гласеше:

- Advertisement -
Ad image

„Алексеј Навални со својот живот плати за својот отпор кон системот на угнетување. Неговата смрт во казнена колонија нé потсетува на реалноста на режимот на Владимир Путин. На неговото семејство(на Навални), неговите најблиски и кон рускиот народ, Франција изразува сочувство.

Шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билсторм на Икс се збогува со рускиот опозиционер:

„Ужасни вести за Алексеј Навални… Ако е точен извештајот за неговата смрт во рускиот затвор, тоа претставува уште едно страшно злосторство од режимот на Путин. Немилосрдноста кон Навални повторно покажува зошто е неопходно да се продолжи борбата против авторитаризмот“.

- Advertisement -
Ad image

Претседателот на Европскиот Совер Шарл Мишел смета дека Навални дал жртва за слободата и за демократијата:

„Алексеј Навални се бореше за вредностите на слободата и демократијата. За своите идеали, тој ја даде крајната жртва. ЕУ го смета рускиот режим единствено одговорен за оваа трагична смрт“, напиша Мишел на Икс.

Генсекот на НАТО Јенс Столтенберг рече дека е „длабоко тажен и вознемирен“ од извештаите за смртта на Навални.

„Треба да ги утврдиме сите факти, а Русија треба да одговори на сите сериозни прашања за околностите на неговата смрт“, напиша Столтенберг.

Холандскиот премиер Марк Руте во збогувањето на Икс се осврна кон „бруталноста на рускиот режим“:

„Смртта на Навални ја илустрира невидената бруталност на рускиот режим. Навални се бореше за демократските вредности и против корупцијата. Тој мораше да плати за својата борба со смртта додека беше држен под најтешки и најнехумани услови. Посакувам неговото семејство, најблиските и секој што се бореше со него за промени во Русија многу сила“, се вели во написот на Руте.

Белгискиот премиер Александар Де Кро за Навални напиша:

„Неговата трагична смрт повторно нагласува зошто ние ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина. Русија нема да надвладее во Украина. Нашите мисли се со семејството и пријателите на Навални и сите храбри руски политички затвореници.

Претседателот на Латвија Едгарс Ринкевикс вели дека Навални бил „брутално убиен од Кремљ“:

„Какви и да мислите за Алексеј Навални како политичар, тој само беше брутално убиен од Кремљ. Тоа е факт и тоа е нешто што треба да се знае за вистинската природа на актуелниот руски режим. Моето сочувство до семејството и пријателите“.

Чешкиот министер за надворешни работи Јан Липаврски смета дека Навални бил измачуван до смрт:

„Сè уште е случај дека, како што Русија ја третира својата надворешна политика, така таа се однесува и кон своите граѓани. Таа се претвори во насилна држава која убива луѓе кои сонуваат за подобра иднина, како Немцов или сега Навални – затворени и измачувани до смрт затоа што му се спротивставиле на Путин. Почивај во мир (Навални)“.

Share This Article