Истепан свештеник на улица среде Нови Сад

Lorita
By Lorita 0 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Вчера во попладневните часови, во новосадската населба Лиман, нападнат е свештеник од Српската православна црква (СПЦ), информираше Бачка епархија преку соопштение.

Станува збор за парохискиот свештеник Б.М., кој бил нападнат при вршење редовните парохиски должности.

Нападот го извршило засега непознато лице кое неиспровоцирано го удрило свештеникот на улица, пред сведоци, а потоа побегнало.

Инцидентот е пријавен во новосадската полиција и во тек е истрага.

Share This Article