More

    Истанбулскиот градоначалник на босански му испрати порака на Ердоган

    spot_img

    Истанбулскиот градоначалник Екрем Имамоглу, пред вториот круг од претседателските избори во Турција упати порака до актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган на босански јазик. Му порача на Ердоган дека нема да добие уште еден мандат.

    Во Турција утре ја чека вториот круг од претседателските избори. Ердоган од владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) ќе се соочи со Кемал Киличдароглу од Републиканската народна партија (ЦХП). Имамоглу изминативе денови активно се вклучи во предизборната кампања во Истанбул. Тој го посети и предградието Бајрампаш, каде во најголем дел живеат Бошњаци.

    – Со трпение и насмевка ќе ја убедиме околината и ќе ја одведеме до гласачката кутија. Нема да оставиме ниту еден човек зад себе – рече Имамоглу.

     

     

    Ердоган во првиот круг од изборите пред две недели освои 49,5 отсто од гласовите, а Киличдароглу 44,9 отсто. Ердоган доби критики поради справувањето со катастрофалните земјотреси, инфлацијата, а неговиот ривал ветува дека сириските бегалци ќе ги врати дома. Турција има намера да ги врати сириските бегалци кои се наоѓаат во земјата. Министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, го потврди ова во интервју за турската телевизија НТВ.

    Ердоган ги повика граѓаните да гласаат, а неговиот противник повика да ја извлечат Турција од темната јама.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img