Испраќањето касетни бомби во Украина ќе им предизвика на Украинците повеќе страдања од кој било друг, смета Мик Валас, пратеник во Европскиот парламент од Ирска.
„Испраќањето касетни бомби за конфликтот во Украина ќе им донесе повеќе страдања на Украинците од кој било друг. Страшно е што Русија, Украина и САД одбија да ја потпишат Конвенцијата на ОН за забрана на касетна муниција во 2008 година“, напиша Валас на Твитер.
Валас ги повика и ОН да интервенираат во ситуацијата.
За поранешниот американски воен разузнавач Скот Ритер испраќањето касетна муниција во Украина ќе биде пи ар кошмар за американскиот претседател Џо Бајден
Според неговите зборови, Вашингтон планира да испрати стара муниција во Киев, која имајќи предвид дека рокот на траење и е истечен, можеби нема да експлодира и не е погодна за употреба на линијата на фронтот.
– Станува збор за муниција која е произведена во 1987 година. Како и обично, на Украина не и го даваат најдоброто оружје, туку застарено со истечен датум на производство – рече Ритер.
Тој додаде дека Пентагон е свесен дека овие проектили ќе се покажат како неефикасни на фронтот во околностите на вооружените сили на Украина.
Како резултат на испораката на оружје забрането со меѓународна конвенција и трагичните последици од употребата на касетни бомби, угледот на Бајден може сериозно да биде нарушен, заклучува поранешен американски воен разузнавач.
Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан претходно објави дека „САД одлучиле да префрлат касетна муниција во Украина“, на чија употреба ОН се против.
Тој, исто така, истакна дека Киев му дал на Вашингтон писмени гаранции за минимизирање на ризикот за цивилите при користење на овој вид муниција.
Портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер, рече дека ако САД одлучат да и обезбедат на Украина касетна муниција (која е забранета во повеќе од 100 земји) поради заканата што ја претставуваат за цивилите, тие ќе се одлучат за помодерни типови.
– Бомбите што размислуваме да ги испратиме не вклучуваат постари варијанти кои имаат ниво на деактивирање на експлозив поголем од 2,35 отсто – рече тој.
Рајдер додаде дека Пентагон „внимателно ќе ги избере оние со пониски стапки“ за кои има неодамнешни податоци за тестирање.