More

    „Исплива“ фотографија од Мишо Ковач од болничкиот кревет

    spot_img

    Пејачот Мишо Ковач последните години не е во многу добра здравствена состојба. Ковач беше хоспитализиран минатата недела поради зголемена температура.

    Лекар од установата во која е сместен легендарниот пејач сподели фотографија со него на Инстаграм, па имаме можност да видиме како Ковач денеска изгледа.

    „Мил наш Мишо, држи се. Нè има многу кои пораснавме заедно со твоите песни и кои, како и јас, ти испраќаме искрени желби за брзо закрепнување“, стои во описот на оваа фотографија.

    Вработените во болницата дадоа кратка изјава и открија како се чувствува Ковач.

    – Добро е. Пие антибиотици и сè е под контрола. Нема причина за загриженост. Има проблеми со дишните патишта и ќе биде во болница уште неколку дена – рекол изворот за „24 сата.хр“.

    Да потсетиме, минатата недела пејачот заврши во болница, по што се огласи неговата ќерка.

    – Татко ми заврши во Клиничкиот болнички центар во Сплит бидејќи имаше висока температура. Ништо сериозно. За постарите луѓе кои веќе имаат некои тешкотии како него, потребно е да одат во болница… Не е исто како кај нас здравите кога ќе добиеме висока температура – изјави Ивана Ковач.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img