More

    Исплатата на Мој ДДВ ќе започне после ребалансот на Буџетот, бидејќи не биле испланирани доволно пари во буџетот за таа намена

    spot_img

    Исплатата на Мој ДДВ ќе започне после ребалансот на Буџетот, бидејќи не биле испланирани доволно пари во буџетот за таа намена, информира директорката на управата за јавни приходи Елена Петрова, во интервју за порталот Република.

    – Средствата што во Буџетот за 2023 година биле испланирани од претходното раководство за исплата за Мој ДДВ во најголем дел се потрошени или, со други зборови кажано, не биле испланирани доволно средства за овие исплати за цела 2024 година, па треба да се обезбедат средства со ребалансот на Буџетот. За прашањето дали ќе има измени во спроведувањето на оваа мерка до сега слушнавме појаснувања и од премиерот и од министерката за финансии, и тоа дека оваа мерка ќе остане и ќе се надгради со други исплати кон таргет групи граѓани. Toa прашање не може да се адресира на УЈП, затоа што исплатата на буџетски средства на граѓаните врз основа на скенирање на фискални сметки преку систем Мој ДДВ по својата суштина е економско-социјална мерка – вели Петрова.

    Таа вели дека граѓаните се доволно свесни дека нема дисциплина во издавањето фискални сметки.

    – Очигледно е, ноторен факт е дека многу регистрирани трговци и угостители не издаваат фискални сметки, како и лица кои нерегистрирано вршат некаква дејност. Има и појави на издавање сметки кои не се фискални и сл. Ова потврдува дека мерката Мој ДДВ од даночен аспект е далеку од најавата дека секој граѓанин ќе биде даночен инспектор и дека оваа мерка ќе помогне во сузбивањето на сивата економија, а непријавувањето на готовинскиот промет е една, но по обем најголема појавна форма на сивата економија – вели Петрова.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img