Исплата за субвенциониран студентски оброк ќе има до крајот на месецот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Исплата за субвенциониран студентски оброк ќе има до крајот на месецот, информира Министерството за образование и наука, нагласувајќи дека исплатата на средства по основ на субвенциониран студентски оброк ќе „легне“ на трансакциските сметки до крајот на тековниот месец.

„Сите студенти кои ќе го остварат правото, ретроактивно на своите трансакциски сметки ќе добијат парични средства за два и пол месеци, односно за половина септември и за октомври и ноември. Во моментов, комисија во рамки на Министерството за образование и наука задолжена за проверка дали студентите/апликантите ги исполнуваат условите согласно Законот за субвенциониран студентски оброк, врши компарација на податоците наведени во апликациите и во податоците кои ги добивме од другите надлежни институции – УЈП, АВРМ, ФПИОМ, МВР и сите универзитети“, се наведува вбо соопштението..

Секој студент илиапликант ќе добие решение преку системот преку кој се аплицираше, а веднаш потоа ќе се реализира и исплатата.

На повикот кој траеше од 25 ноември до 3 декември, пристигле над 31 илјада апликации.

Share This Article