Исламските бунтовници во Сирија, кои го окупираа северниот град Алепо, упаднаа и во палатата на претседателот Башар ал Асад во градот Хама. Џихадистите објавија снимки од нападот и од она што го пронашле во палатата на социјалните мрежи, пренесува Б92.
Тие пронашле лични фотографии од младоста на сирискиот претседател.
Исламистите го окупираа Хама откако претходно го освоија Алепо. Аналитичарите, сметаат дека Хама им го отвора патот да напредуваат кон клучниот Дамаск, главниот град на Сирија.
Тие оценуваат дека падот на Дамаск ќе биде пресвртница во повеќегодишната граѓанска војна.
Според последните информации, градот северно од Хомс, Талбисех, веќе е паднат. Упадот во Хама беше оценет како тест за владините сили на Сирија.
Бунтовниците од палатат на Асад му порачаа на сирискиот претседател дека ќе падне.
Бунтовниците веќе испратија предупредување од Хама, каде што упаднаа и во резиденцијата на претседателот.