More

    Искусните заминаа во странство, младите не сакаат да полагаат со месеци

    spot_img

    Во Македонија нема доволно возачи на камиони и на автобуси, се жалат превозните компании. Покрај постојаното заминување на голем дел од возачите во странство, една од причините е и предолгиот период за полагање за потребната возачка дозвола –  велат од здружението „Макам-транс“.

    – Превозниците имаат неповолна структура на возачи. Повеќето од нив се повозрасни. Дел од возачите се пензионираат, дел заминаа како и секаде на Балканот, да работат во Германија и во скандинавските земји, а нема замена за нив. Поради недостиг од возачи дел од возниот парк поголемиот дел од месецот е на паркинзите, а транспортот се одвива подолго, поради потребата за законски дневен и неделен одмор на возачите. Но, нашите членки најмногу се жалат на тоа дека периодот за добивање повисока возачка категорија е долг. За да се полага за потребната категорија „Ц“ потребно е да се има 21 година и возачко искуство од една година кое е потребно и за управување на камион со приколка. Дополнително, најмалку шест месеци се потребни за обука кај превозникот. Сето тоа прави дури на 23 години да може да се има потребната категорија на возачки способности за да се седне зад волан на камион. Ова е долг период кој младите не сакаат да го поминат и затоа одбегнуваат да работат како возачи – велат од Асоцијацијата.

    Оттаму додаваат дека проблемот со возачи е актуелен веќе неколку години на глобален план, а со тоа голема е конкуренцијата меѓу компаниите.

    – Најголем дел од возачите од Балканот и Хрватска заминаа да работат во Германија, Велика Британија и во скандинавските земји, но потреба за возачи имаат и сите други земји, па во регионот е сè поголем недостигот од возачи – велат од „Макам-транс“.

    Србија денеска објави податок дека има потреба од 15.000 возачи.  И таму проблем е во тоа што долго се чека за да се полага за соодветната категорија. Во оваа земја за 3 години 700 луѓе го поминале возачкиот испот од категориите потребни за управување со камион или со автобус.

    Возачи имаат сè помалку и компаниите кои се занимаваат со автобуски транспорт. За возење автобус потребно е прво да се вози камион, па потоа се полага за управување со автобус. Старосната граница за да се управува автобус е 24 години и најмалку две години да се поседува возачка дозвола од категоријата „Ц“.

    – Ретко кој сака да полага за возење автобус бидејќи лесно се наоѓа работа со „Ц“ и со „Е“ категорија, односно за возење камиони, зашто многу се бараат. Посебно се осипува кадарот во летната сезона кога дел од возачите сакаат да заработат повеќе – вели Ленин Јовановски од „Слобода превоз“.

    Дека има потреба од возачи покажуваат и огласите за вработување каде што доминира побарувачката на возачи со „Ц“ и со „Е“ категорија, кои се бараат за управување камион со приколка. Преку овие огласи се бараат возачи од компании во земјава, но има и огласи за вработување во странство.

    Интересни се и фиксните плати кои одделни компании им ги нудат на кандидатите за возење товар во земјава и во странство. Тие се движат од 45.000 до 90.000 денари. Но и покрај ваквите плати дел од работните места стојат непополнети бидејќи во странство се нудат двојно поголеми плати.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img