Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ привлече големо внимание во јавноста кога неодамна се ожени со 23 години помладата Исидора Мијановиќ.
Новопечената брачна двојка редовно споделува детали од нивното секојдневие, а убавата Исидора тоа го направи и овој пат.
Имено, Исидора објави фотографии од патување, каде ужива во морето, сонцето и топлите денови, кои им ги покажа на своите следбеници.
Таа на својот Инстаграм сподели фотографија од плажа, во црно бикини со ленти и го покажа прекрасното тело.
На следните фотографии можете да ја видите Исидора како ужива во пустината со камилите, како и во разгледувањето на остатокот од градот.
Иако поранешната водителка која неодамна наполни 28 години не ја откри локацијата, поради фотографиите од камили и пустината, следбениците заклучија дека парот ужива во Египет.