More

    Исечени се два подводни оптички комуникациски кабли во Балтичкото Море, а постои сомневање дека се работи за намерна саботажа

    spot_img

    Исечени се два подводни оптички комуникациски кабли во Балтичкото Море, а постои сомневање дека се работи за намерна саботажа.

    Едниот од каблите ги поврзува Германија и Финска, а вториот Литванија и Шведска.

    „Кабелот долг 1.200 километри што го поврзува Хелсинки со германското пристаниште Росток престана да работи во понеделникот околу 4 часот по локално време“, соопшти финската државна компанија за сајбер безбедност и телекомуникации Cinia.

    Претходно беше прекината и интернет врската од 218 километти меѓу Литванија и шведскиот остров Готланд.

    Во заедничка изјава Финска и Германија  рекоа дека се „длабоко загрижени поради пресечениот подморски кабел“ и дека истражуваат „инцидент што веднаш покренува сомнеж за намерна штета“.

    -Безбедноста на Европа е загрозена од руската војна против Украина и „хибридната војна на злонамерните актери“. Зачувувањето на нашата заедничка критична инфраструктура е од витално значење за нашата безбедност и издржливоста на нашите општества“ – изјавија двете земји.

    Оштетувањето на финско-германскиот кабел се случи во близина на јужниот дел на шведскиот остров Аланд, а неговата поправка може да трае од пет до 15 дена.

    Ова не е прв инцидент во  Балтичкото Море кое е активна комерцијална бродска рута.

    Минатата година, подводниот гасовод и неколку телекомуникациски кабли што минуваат по дното на Балтичкото Море беа сериозно оштетени во инцидент што го разбранува регионот. Истражителите на случаите од 2023 година во Финска и Естонија рекоа дека веруваат дека кинески контејнерски брод ја предизвикал штетата додека го влечел сидрото. Но, не кажаа дали штетата е случајна или намерна.

    Во 2022 година, Северниот тек што ги поврзува Русија и Германија во Балтичкото Море е уништен во експлозии. Овој случај  уште е под истрага на германските власти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img