Вчера вечерта во 21 часот и 10 минути, во Грција, исчезна 11-годишното девојче Василики Николопулу, објави српски Блиц.
За исчезнувањето на девојчето денеска била информирана организацијата „ The Smile of the Child “ и веднаш по наредба на обвинителот бил активиран механизмот за тревога „Амбер“ бидејќи постојат причини да се верува дека нејзиниот живот е во опасност.
Василики има кафеава коса и кафеави очи, висока е 150 сантиметри и со нормална тежина.
На денот на нејзиното исчезнување носела бел фустан и бели влечки.
Секој кој има информации за девојчето се замолува веднаш да ја извести организацијата или да се обрати во полиција.