More

    Ирска, Шпанија и Норвешка ја признаа палестинската држава

    spot_img

    Ирска, заедно со Шпанија и Норвешка, официјално ја признаа палестинската држава, објави ирската влада, пркосејќи на израелската осуда на планот.

    „Владата ја признава Палестина како суверена и независна држава и се согласи да воспостави целосни дипломатски односи меѓу Даблин и Рамала. Ирскиот амбасадор во Државата Палестина ќе биде назначен заедно со сите други членови на ирската амбасада во Рамала“ – се вели во соопштението на владата по одобрувањето на признавањето на претпладневната седница.

    Минатата недела, ирскиот лидер Сајмон Харис им се придружи на своите колеги во Шпанија и Норвешка во најавата дека трите земји официјално ќе ја признаат независна Палестина на 28 мај. Сите тројца го исполнија ветувањето во вторникот. Премиерот Харис истакна дека со овој потег сака да ја задржи надежта за мир.

    – Оваа одлука на Ирска значи одржување на надежта и верување дека решението со две држави е единствениот начин народот на Израел и Палестина да живеат рамо до рамо, во мир и безбедност. Сакавме да ја признаеме Палестина на крајот од мировниот процес, но го направивме овој чекор заедно со Шпанија и Норвешка за да го одржиме чудото на мирот во живот. Повторно го повикувам израелскиот премиер Нетанјаху да го слуша светот и да ја запре хуманитарната катастрофа што се случува во Газа, – истакна Харис.

    Шпанскиот премиер Педро Санчез рано изутрината објави дека неговата земја ја признава државата Палестина во границите од 1967 година во согласност со меѓународното право и историската правда.

    – Признавањето на државата Палестина не е само прашање на историска правда, со легитимните аспирации на палестинскиот народ, туку и неопходност доколку сите заедно сакаме да постигнеме мир – рече Санчез.

    Шпанскиот премиер нагласи дека тоа е единствениот начин да се напредува кон решение со две држави, „што сите го сметаме за единствено решение“.

    – Признавањето на Палестина не го усвојуваме против никого, особено не против Израел, пријателска нација која ја почитуваме и со која сакаме да имаме најдобри можни односи – додаде тој и рече дека од утре Шпанија ќе ги вложи сите свои напори во постигнување решение со две држави.

    Во текот на утрото, Норвешка, една од трите европски земји кои официјално ја признаа Палестина , го поздрави „важниот ден“ и изрази жалење за очигледниот недостиг на „конструктивен ангажман“ на Израел.

    – Повеќе од 30 години Норвешка е еден од најверните застапници за постоењето на палестинска држава. Денот кога Норвешка официјално ја признава Палестина како држава е важен ден за норвешко-палестинските односи – изјави шефот на норвешката дипломатија, Еспен Барт Еиде.

    Во раните 90-ти години, Норвешка беше домаќин на првите израелско-палестински мировни преговори кои резултираа со Договорот од Осло, кој го отвори патот за мирно решавање на конфликтот меѓу двете завојувани страни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img