Бредли Купер и Ирина Шајк на крајот на август заминаа на семејно летување со својата петгодишна ќерка Леа и започнаа гласини дека се смириле.
.
Судејќи по папарацо фотографиите, манекенката и актерот се неразделни и се фотографирани во Њујорк додека се шетаат со својата ќерка.
Исто така, во еден момент се прегрнале, што повторно според многумина било знак дека повторно се заедно.
Да потсетиме, порталот „Пејџ сикс“ објави дека извор близок до парот навел дека Ирина и Бредли планираат уште заеднички деца и дека неодамнешното „патување било семејно бегство и дека размислуваат повторно да бидат заедно“.
ФОТО: Инстаграм