Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Техеран не бара војна со Израел, но е подготвен да даде „соодветен одговор“ на израелските напади оваа недела врз ирански воени локации.
– Ние не бараме војна, но ќе ги браниме правата на нашата нација и земја – рече Пезешкијан на состанок на владата во Техеран.
– Ќе дадеме соодветен одговор на агресијата на ционистичкиот режи – додаде тој.
 
							 
								 
			

 


 
                                
                             















 
		 
		 
		 
		 
		 
		







 
		 
		 
		 
		