Иранските власти погубија четири лица обвинети дека работеле за израелската разузнавачка агенција Мосад, објави државната новинска агенција ИРНА.
Како што е наведено, моќната Револуционерна гарда објави апсење на мрежа на луѓе поврзани со израелската агенција.
Нејзините членови краделе и уништувале приватен и јавен имот и киднапирале поединци и ги испрашувале.
Наводните шпиони биле вооружени и биле платени од Мосад во криптовалути.
ИРНА објави дека се убиени Хосеин Ордуханзадех, Шахин Имани Махмудабади, Милад Ашрафи и Манушер Шахбанди.
Агенцијата АП потсетува дека Иран и Израел се големи непријатели.