More

    Иран лансираше капсула со животни во вселената

    spot_img

    Иран денеска објави дека лансирал капсула со патници од животни со цел да се подготви да испрати астронаути во наредните години.

    Во извештајот на официјалната новинска агенција ИРНА, министерот за телекомуникации Иса Зарепур се цитира дека капсулата била лансирана на 130 километри во орбитата, пишува Anadolu.

    Зарепур рече дека лансирањето на капсулата, која тежи околу 500 килограми, има за цел да се подготви за испраќање ирански астронаути во вселената во наредните години.

    Засега нема информации кои животни се наоѓаат во капсулата произведена од Институтот за аеронаутички истражувања при Министерството за наука, истражување и технологија на Иран, пишува Бета.

    Иран повремено најавува успешно лансирање на сателити и други вселенски летала. Во септември, Иран соопшти дека испратил сателит за собирање податоци во вселената.

    Во 2013 година, Иран соопшти дека испратил мајмун во вселената и успешно го вратил.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img