“ Иран им се закани на семејствата на фудбалерите пред средбата со САД

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На членовите на семејството на иранските фудбалски репрезентативци на Мундијалот им се закануваат затвор и мачење доколку играчите не се однесуваат правилно пред денешниот натпревар против САД, односно ако не ја пеат националната химна, изјави извор кој е вклучен во обезбедување на натпреварите.

Откако играчите на Иран одбија да ја пеат националната химна на отворањето на Светското првенство против Англија на 21 ноември, извор изјави за Си-Ен-Ен дека играчите биле поканети на состанок со членовите на Корпусот на иранската револуционерна гарда (ИРГЦ).

Изворот рече дека на иранските фудбалери им било кажано дека нивните семејства ќе се соочат со насилство и тортура доколку не ја пеат националната химна или не се приклучат на кој било политички протест против режимот во Техеран.

Фудбалерите ја пееја националната химна пред средбата против Велс минатиот петок, кој Иран го доби со 2-0. Изворот, кој внимателно ги следи иранските безбедносни агенции кои работат во Катар за време на Светското првенство, рече дека десетици офицери на ИРГЦ се распоредени да ги следат иранските играчи на кои не им е дозволено да се мешаат со луѓе надвор од тимот или да се среќаваат со странци.

 

Иран и САД денеска се среќаваат во клучниот натпревар од групата Б на Светското првенство во фудбал.

Share This Article