More

    Иран ги заострува казните за жените кои не носат хиџаб: но и за оние кои ги поддржуваат

    spot_img

    Иранскиот парламент денеска изгласа зголемување на казните за жените кои одбиваат да ја покријат главата со шамија – хиџаб, како и за оние кои ги поддржуваат во тоа.

    Измените на законот беа усвоени неколку дена по првата годишнина од смртта на 22-годишната Маша Амини, која беше уапсена од моралната полиција бидејќи и течеше коса под шамијата, со што беше прекршен строгиот исламски закон за женски облека. Нејзината смрт во притвор предизвика повеќемесечни протести во Иран и ширум светот.

    За време на демонстрациите за смртта на Маша Амини, беа убиени повеќе од 500 демонстранти, а 22.000 беа уапсени.

    Законот беше изменет со 70 одредби, а казните сега важат и за сопствениците на продавници доколку им служат на жените кои не носат шамии и на организаторите на протести против носењето „хиџаб“.

    На прекршителите им се заканува казна до 10 години доколку се организира прекршување на носењето хиџаб.Во Собранието со 290 пратенички места, за измени на законот гласаа 152 пратеници, а регулативата треба да ја одобри Советот на чувари – свештено тело за уставен надзор. Доколку стапи во сила, законот ќе се применува прелиминарно три години.

    Многу жени, сепак, сè уште пркосно избегнуваат да носат хиџаб, па кампањата за заострување на законот започна во текот на летото.

    Иранските свештенички лидери сметаат дека кодексот на облекување е еден од клучните столбови на нивното владеење, а за демонстрациите кои длабоко ја потресоа Исламската Република, ги обвинуваат западните земји без да дадат докази.

    Демонстрантите тврдат дека биле мотивирани не само од гневот поради кодексот на облекување, туку и од корупцијата и лошото управување со земјата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img