More

    ИОМ: Минатата година во светот загинаа повеќе од 8.500 мигранти

    spot_img

    Меѓународната организација за миграција (ИОМ) објави дека минатата година 8.565 мигранти загинале минувајќи ги копнените и поморските патишта во светот, што е скок од цели 20 отсто во споредба со годината пред тоа.

    ИОМ во својот извештај наведува дека најголем пораст на смртни случаи е забележан за време на премините на Средоземното Море, од 2.411 во 2022 година на 3.129 во 2023 година, а најмногу смртни случаи минатата година, околу 3.700, биле од давење.

    Зголемувањето на смртноста на мигрантите во последните години е забележано во Азија, каде само минатата година починале 2.138 мигранти, 68 повеќе отколку во 2022 година.

    Зголемувањето на стапката на смртност на мигрантите во Азија минатата година се должи пред се на зголемениот број загинати Авганистанци кои бегаат во соседен Иран, како и меѓу бегалците Рохинџа на поморските патишта, изјави портпаролот на ИОМ, Хорхе Галиндо.

    ИОМ објави дека рекорден број на смртни случаи имало и во Африка минатата година, од кои 1.866, главно во пустината Сахара и по морскиот пат до шпанските Канарски острови.

    Таа меѓународна организација со седиште во Женева наведува дека овие бројки се веројатно помали од реалниот биланс.

    Агенцијата ги наведе тешкотиите во собирањето податоци во оддалечените области, како што е „Дариен Рифт“ во Панама, каде што минуваат многу мигранти од Јужна Америка на пат кон север.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img