Инвеститорите во фотонапонски централи и од други обновливи извори на енергија ќе треба да обезбедат услови за складирање на енергијата за да не се случи енергетскиот систем да не може да ги прифати произведените количини на струја

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Инвеститорите во фотонапонски централи и од други обновливи извори на енергија ќе треба да обезбедат услови за складирање на енергијата за да не се случи енергетскиот систем да не може да ги прифати произведените количини на струја. По неочекуваниот инвестициски бум во фотоволтаици и најавата од МЕПСО дека преносната мрежа во земјава не може да ги прифати произведените количини струја, институциите ќе формираат работни групи кои ќе подготват законски измени кои ќе го дорегулираат инвестирањето во обновливи извори на енергија.

Ова денеска е соопштено по средбата на Македонската енергетска асоцијација, Министерството за економија, Регулаторната комисија за енергетика, МЕПСО и ЕВН на која се зборуваше за енергетската транзиција на земјава.

Како што информираа по состанокот, министерот за економија Крешник Бектеши и првиот човек на МЕА, Кочо Анѓушев, ваквата легислатива е неопходна со цел да се забрза процесот на енергетска транзиција и да се направи амбиент на извесност и предвидливост за инвеститорите.

-Дополнително на тоа зборувавме и за индикативниот план каде што ќе се утврдува постапката и начинот како инвеститорите да ги поминат процедурите поедноставно и попредвидливо сѐ со цел нивните инвестиции да бидат профитабилни, како и да се знае можноста на преносниот и на дистрибутивниот систем да го прифати тоа производство на електрична енергија – изјави Бектеши.

Тој ги повика сите потенцијални инвеститори внимателно да ги следат сите процедури за да не се случи да имаме многу поголемо производство отколку потребите кои ги има државата.

-Ние секогаш повикуваме да се обрне големо внимание на обновливите извори на енергија. Но, технички зборувано, како и согласно стратегијата за развој на енергетиката, за потребите на државата е лимитирано колку може да се гради, од какви видови на извори, вклучително и фотонапонски, ветерни централи, био маса и слично – рече Бектеши.Анѓушев,пак, посочи дека во рамки на МЕА пред месец дена имале дискусија околу енергетската иднина на државата при што било заклучено дека енергетската транзиција или транзицијата кон обновливи извори на енергија е наше единствено решение како држава, бидејќи нема други ресурси.

-Но, сакаме јасно да нагласиме дека енергетската транзиција, доколку не се прави организирано и на начин како што треба, може да стане поголем проблем отколку решение – рече Анѓушев.

Тој додаде дека токму за да не се направи поголем проблем, а проблем може да настане бидејќи сите фотовалтаици произведуваат во исто време електрична енергија и практично 80 проценти од електричната енергија во текот на годината што го произведуваат, го произведуваат од април до септември и од девет часот наутро до пет часот попладне, не смее да се дозволи во тој период да има големи вишоци со илјадници мегавати, бидејќи во тој случај нема да се знае што да се прави со таа енергија.

-За да не се дојде до таква точка, или ако оди работата во таа насока на инсталирање на големи проекти во фотоволтаици, единственото решение е да таа произведена електрична енергија се складира – рече Анѓушев.

- Advertisement -
Ad image

Тој објасни дека складирањето на енергијата, покрај познатите конвенционални методи како реверзибилни хидроелектрани како што е Чебрен (кој патем треба да се изгради), е во сториџ системите или батериски системи кои што во последно време се хит и се единствено решение за вакви проблеми. Тие треба да се опфатат и со легислативата во нашата земја, во законските и во подзаконските акти.

Тој појасни дека батериите можат да бидат од најмали, односно од еден киловат-час до 10 квч. за домашна употреба, потоа од 300 – 500 квч. за потребите на индустриски капацитети, па сѐ до неколку мегават-часови кои ќе бидат во состав на постојни или идни производни капацитети, а можат да бидат и сториџ системи сами по себе кои што ќе имаат стотици мегават-часови.

-Батериските системи за разлика од производните капацитети кои што се дефинираат во инсталирана снага во мегавати, тие се дефинираат во капаците на складирање во мегават часови, што е различно – појасни Анѓушев.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article