Инвеститорите претпазливи во однос на политиката на Централната банка на САД

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Цените на акциите на Волстрит втор ден по ред бележат пад, затоа што инвеститорите се несигурни колку американската Централна банка ќе мора да ја заостри монетарната политика, со цел да ја потисне високата инфлација.

„Дау Џонс“ (Dow Jones) ослабе за 176 поени или 0,54 отсто, на 32,813 поени, додека С&П 500 (S&P 500) се намали за 0,75 отсто, на 4,101 поен, а индексот „Насдак“ (Nasdaq) за 0,72 отсто, на 11,994 поени.

По неколку недели паѓање, минатата седмица тие индекси се зголемија за повеќе од 6 проценти. Тоа вроди надеж кај инвеститорите, дека пазарот почнува да закрепнува. Но, во изминатите два дена, цените на акциите повторно доживеаја пад.

Share This Article