Инвеститорите не смеат да чекаат, рече Мицкоски по средбата со менаџментот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Инвеститорите кои сакаат да вложат во Македонија не смеат да бидат ставени на страна, а Владата ќе ја забрза процедурата за ланецот маркети ЛИДЛ, вели премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук:

„Денеска имав средба со дел од менаџментот на ЛИДЛ кој подолго време превземаат активности за почеток на инвестицијата во државата. Разменивме информации за бројните потешкотии и административни бариери со кои се соочувале од претходната Влада. Инвеститорите кои сакаат да вложат во економскиот прогрес и ќе вработат македонски граѓани не смеат да бидат ставени на страна. На брза трака ќе го откочиме процесот и за брзо ќе ги имаме ланците на маркети ЛИДЛ“, напиша Мицкоски и објави фотографии од средбата.

Share This Article