Берзанските индекси паднаа на Волстрит по изјавата на претседателот на ФЕД, Џером Пауел дека инфлацијата останува висока и дека централната банка може дополнително да ја заостри монетарната политика.
Dow Jones ослабе за 0,65 % на 33.891 поен, додека S&P 500 се падна за 0,81%, на 4.347 поени, а индексот Nasdaq за 0,94%, на 13.521 поен.
На состанокот на Меѓународниот монетарен фонд, Пауел изјави дека е задоволен од ублажувањето на инфлацијата, но дека не е сигурен дека ФЕД направила доволно.
– ФЕД е решен да постави доволно рестриктивна монетарна политика за да ја сведе инфлацијата на целното ниво. Сè уште не сум сигурен дека сме го постигнале тоа – изјави Пауел.
Пауел рече дека инфлацијата е „многу над“ она што ФЕД би сакал да го види.
– Јас и моите колеги сме задоволни од овој напредок, но очекуваме дека процесот на одржливо намалување на инфлацијата на 2% ќе трае долго. Ќе продолжиме да го правиме тоа додека не успееме – рече тој.
До говорот на Пауел, индексите стагнираа, а потоа паднаа.