More

    Инвеститори од Азија покажаа интерес за соработка

    spot_img

    Фероинвест учествуваше на конференција и саем за производители и изведувачи на хидроелектрани што се одржа во Куала Лумпур, каде на едно место се собраа 65 светски познати енергетски компании, чијашто примарна цел се хидроелектраните, и тоа од САД, Обединетото Кралство, Кина, Јапонија, Германија, Франција, Норвешка, Италија, Швајцарија, Австрија, Холандија Турција, Индија, Австралија и други земји.

    Тодор Анѓушев, директор на фирмите ЕМС и „Мали хидроелектрани“, во рамките на Фероинвест, и Филип Андрески, директор за развој во групацијата,  ги запознаа посетителите на саемот  со можностите на Фероинвест како партнер во изведувањето на енергетски проекти, прикажувајќи го портфолиото од реализирани над 120 електрани, од кои над 60 се поврзани директно со мали хидроелектрани.

    Инвеститорите од Азија покажаа голем интерес за соработка на идни енергетски проекти во тој регион на светот.

    Фероинвест еденствен кај нас овозможува целосна услуга за реализација на електрични централи од обновливи извори, почнувајќи од проектирање, изведба, пуштање во употреба, управување, одржување, надзор на електраните и откупување на произведената електрична енергија.

    Компанијата во моментов управува со околу 50 централи од обновливи извори, сопствени или на клиенти, во кои има мали хидроелектрани, фотоволтаични електрани и електрани на био гас, со вкупна инсталирана моќност од над 55 MW.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img