Инвазија од украински дронови сѐ подлабоко на руска територија

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Русија објави дека спречила координиран украински напад на Крим рано утринава, украинските беспилотни летала исто така ја нападнале Москва, што го наруши воздушниот сообраќај во главниот град, а напад со дрон предизвика пожар во складиште за нафта во југозападниот дел на земјата.

Во московската област, едно беспилотно летало е уништено над областа Истра, а друго над областа Раменски, изјави на Телеграм градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин, додавајќи дека нема жртви или штета од остатоците од дронот.

Најмалку 30 летови беа одложени, а шест откажани на главните аеродроми во Москва, објавија руските државни новински агенции, што е вообичаен потег на воздухопловните власти за време на напади со беспилотни летала.

Во југозападна Русија, украинско беспилотно летало оштети складиште за нафта рано во неделата, предизвикувајќи пожар во резервоарот за гориво кој подоцна беше изгаснат, изјави регионалниот гувернер.

-Нема жртви, сите служби за итни случаи работат во реонот на објектот – изјави на Телеграм гувернерот на регионот Ојол, Андреј Кличков.

Во последните денови, Украина започна серија напади врз руски воени цели во окупираниот Крим и врз црноморската флота на руската морнарица, со цел да ги поткопа воените напори на Москва во тој клучен регион. Нападите длабоко во Русија, далеку од првите линии на фронтот, исто така се зголемени, при што градоначалникот на Москва изјави дека најмалку два дрона биле соборени во регионот на главниот град рано утринава.

Синоќа, Олексеј Данилов, секретар на Советот за безбедност на Украина, ги повика сојузниците на Киев да ја забрзаат испораката на оружје, велејќи дека тоа е единствениот начин да се стави крај на војната.

-На пример, целосното или делумното отстранување на руската црноморска флота, што е изводлива задача, би требало значително да го забрза процесот на руската потрага по излез од војната – напиша Данилов.

Руските системи за противвоздушна одбрана уништија најмалку шест беспилотни летала кои го гаѓаа Крим од различни правци, објави во денеска руското Министерство за одбрана.

- Advertisement -
Ad image

Во тој извештај објавен на Телеграм не се наведува дали има штета или жртви на украинскиот полуостров, кој Русија го анектираше во 2014 година, осум години пред целосната инвазија на Русија на Украина.

Share This Article