Интерпол: Во Судан уапсен еден од најбараните трговци со луѓе во светот

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Еден државјанин на Еритреја, опишан како еден од „најбараните трговци со луѓе во светот“, е уапсен во Судан по меѓународна потера предводена од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), соопшти Интерпол.Кидане Зекаријас Хабтемариам е обвинет за водење на банда која киднапира, изнудува и убива мигранти од Источна Африка кои се обидуваат да го преминат Средоземното Море од Либија во Европа, се вели во соопштението.

Тој беше уапсен во неделата во „голема меѓународна полициска операција предводена од Обединетите Арапски Емирати, врз основа на информации споделени преку Интерпол“, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи на ОАЕ.

Обединетите Арапски Емирати внимателно ја следеле бандата на Хабтемариам и неговите роднини, откривајќи шеми на перење пари што ги одвеле во Судан.

Интерпол ги следи активностите на Хабтемариам од 2019 година.

Холандските власти претходно го обвинија дека водел камп во Либија со илјадници мигранти.

Во последниве години, Либија стана доминантна транзитна точка за мигрантите кои бегаат преку Средоземното Море од Африка кон Европа.

Искористувајќи ја политичката и економската криза во Либија, трговците со луѓе носат мигранти таму и ги испраќаат во Европа со преполни и небезбедни чамци и бродови.

Според најавата на министерот за внатрешни работи на ОАЕ, Саед Абдула ал Суваиди на Твитер, операцијата траела девет месеци и во неа биле вклучени холандските, етиопските и суданските власти.

„Благодарение на професионалноста и посветеноста на нашите полицајци, најбараниот трговец со луѓе во светот повеќе нема да може да врши злосторства“, изјави Ал Суваиди.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article