Втората делница од експресниот пат Крива Паланка-Длабочица, која е дел од експресниот пат Крива Паланка-Ранковце-Страцин, во должина од 10 километри е завршена, објави на својот Фејсбук профил директорот на Jавното претпријатие државни патишта, Коце Трајановски.
„Инвестиција вредна 50 милиони евра, инвестиција која патувањето по Коридорот 8 ќе го направи безбедно и сигурно. Кога наскоро ќе ја завршиме и првата делница од изградбата на експресниот пат Крива Паланка-Ранковце-Страцин ќе се скрати времето на патување до нашиот источен сосед“, напиша Трајановски.
Видеото од патот кое го објави Трајановски може да се види на неговиот профил.