Инструменарката од српската болница „Народни фронт“ која снимала жени за време на операција и директно емитуваше вршење царски рез од операциона сала, се огласи на една од социјалните мрежи при што вели дека не била свесна дека камерата е вклучена, а потоа се „исклучила“ од социјалните мрежи.
По многубројните осуди на медицинската сестра која во живо го пренесуваше породувањето во ГАК „Народен фронт“ во Белград, на социјалната мрежа ТикТок и по нејзиното суспендирање, таа излезе со тврдење дека видеото кое предизвика бура во јавноста не е снимано ненамерно.
Во изјавата што ја објави и на ТикТок, таа рече дека сака да го објасни видеото што беше емитувано во живо од нејзиниот профил.
– Сакам да ја објаснам снимката во живо што се емитуваше од мојот профил во периодот од 04:00 до 05:00 часот на 26.04.2023 година. Видеото е создадено ненамерно. Во ноќната смена, сите сме свесни дека употребата на мобилни телефони е забранета во салата, но кога нѐ повикаа на итен царски рез, јас само го оставив телефонот потпрен на држачот за ракавици, несвесна дека камерата е вклучена и се емитуваше во живо на ТикТок. Пред повикот во салата, го гледавме ТикТок и тоа беше последното нешто што остана. Од снимката се гледа дека никој во салата не знаел дека од телефонот се емитува во живо. Видеото е создадено спонтано – рече таа и додаде:
– Покрај пациентката, се гледам и себеси како се подготвувам за операција и учествувам во неа. Ѝ се извинувам на пациентката чија приватност е нарушена, на семејството на пациентката како и на пошироката јавност. Веќе 14 години сум медицинска сестра – инструментарка и во текот на целиот мој работен век односот помеѓу пациентот и медицинската сестра го градам врз основа на принципите на сестринската етика и според добрите правила на професијата. Искрено жалам што имаше пренос во живо бидејќи моите активности на ТикТок беа фокусирани главно на моето семејство, пријателите и на едукативна содржина што не содржеше лични податоци во ниту едно видео или беше во спротивност со медицинската етика. Уште еднаш повторувам дека длабоко жалам и искрено ѝ се извинувам на пациентката, на нејзиното семејство, на клиниката што ме храни, на сите мои колеги и на целата јавност – напишала Јелена.
Раководството на Гинеколошко-акушерската клиника „Народен фронт“ се огласи со соопштение во кое се вели дека се згрозени и најостро ги осудуваат постапките на медицинската сестра (пренос во живо од операционата сала на Клиниката).
„Воедно сакаме да им се заблагодариме на сите кои ни го посочија овој инцидент навремено, за да можеме да реагираме и да ги преземеме сите неопходни мерки вакво нешто никогаш да не се повтори“, се вели во соопштението испратено до редакцијата на српски Курир од познатото белградско породилиште.
„Сестрата која изврши тешка повреда на работните должности и обврски како и професионалната етика е веднаш суспендирана по итна постапка, а поведена е и дисциплинска постапка. Напомена: мерката за забрана за употреба на мобилни телефони во породилиштето и оперативната сала се уште е на сила“, се наведува во соопштението на управата на Клиниката.
Реагираше и министерката за здравство, проф. Даница Грујичиќ која истакна дека се согласува со одлуката на директорот на ГАК „Народен фронт“ за суспензија на медицинската сестра.
Таа рече и дека смета дека е неетички секој здравствен работник на социјалните мрежи да пренесува што се случува во операционата сала.
– Ваквото кршење на приватноста на пациентите е скандалозно во секоја смисла. Не можам да верувам дека некој што се занимава со оваа работа помислил да направи такво нешто. Верувајте, и јас сум изненадена што никој од моите колеги не реагираше веднаш кога забележале дека медицинската сестра ја снима операционата сала и што се случува во неа. Се согласувам со одлуката на директорот Миковиќ да ја суспендира медицинската сестра која го направила тоа. Мислам дека исто така е неопходно таа повторно да се подложи на стручна проценка за да се види дали може да ја работи оваа професија по ваквата постапка – рече Грујичиќ.