Институтот за проучување на војната објави нови воени мапи и анализа на состојбата во Бахмут. Се вели дека Русите зазеле 40 отсто од градот во текот на деветте месеци од војната.
„Украинските власти ставија до знаење дека Украина засега ќе продолжи да го брани Бахмут. Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека наредил засилување во Бахмут. Соопштението следи по средбата на Зеленски со украинскиот врховен командант, генерал Валериј Залужни и командантот на украинските копнени сили, генерал-полковник Олександр Сирски, каде што двајцата команданти препорачаа продолжување на одбраната на Бахмут и побараа од Зеленски да ги зајакне украинските сили во областа.
Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател, вчера изјави дека украинската одбрана на Бахмут досега ги „постигнала своите цели“ и била „голем стратешки успех“, пренесува ISW, пренесува Index.hr.
„Бахмут не е суштински значаен оперативно или стратешки“, пишува ISW.
„Заземањето на Бахмут е неопходно, но не е доволно за понатамошен руски напредок во Доњецката област, а руските сили веќе претрпеле толку големи загуби борејќи се за градот што нивниот напад најверојатно ќе кулминира откако ќе го обезбедат – ако не и порано. Затоа загубата на Бахмут не е од голема оперативна или стратешка грижа за Украина“, рече ISW.