More

    Инспекторите со мистериозни вреќи влегоа во куќата на осомничениот за убиството

    spot_img

    Инспектори на Управата за криминалистичка полиција (УКП) влегле во куќата на Дејан Драгијевиќ (50), еден од осомничените за свирепото убиство на 2-годишната Данка Илиќ која исчезна во приградската населба Банско Поље кај Бор. Инспекторите носеле неколку вреќи, а со нив биле донесени маж и девојка, пренесува Мондо.рс

    – Заедно со нив во куќата се внесени помлад маж и девојка. Сè уште не се знае во какво својство се внесени – потврдува за српскиот медиум изворот од селото.

    Потрагата по телото на 2-годишното девојче за кое осомничените тврдат дека ја убиле, а телото го фрлиле или  го закопале, сè уште трае. Полицијата го пребарува кањонот на реката Лазарева и во пештерата Лазарева кај Злот каде има јами и стрмни карпи кои досега не се истражени.

    Двајцата осомничени за кои е потврдено дека со службено возило „фијат панда“ го прегазиле девојчето, а потоа го убиле, засега не го откриваат точното место каде што го закопале телото на 2-годишната Данка. Во меѓувреме додека трае потрагата по телото на девојчето, полициското одделение во Бор, изненадно почина Далибор Драгијевиќ (40) брат на еден од осомничените убијчи за кого постоеше сомнение  дека заедно со неговиот татко Радослав му помагале на неговиот брат Дејан да го премести телото на брутално убиената Данка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img