Вкупно 53 трговски друштва не ја почитувале владината мерка за замрзнување на цните во последните 10 дена. Пазарните инспектори им изрекле мерка прекршочни платни налози во вкупна вредност од 1.150.000 денари, соопшти Државниот пазарен инспекторат.
Како што е соопштено, инспекторите во овој период контролирале 117 трговци.
Покрај овие казни, пазарните инспекторат изрекле и 110 прекршочни платни налози во вредност од над 2.660.000 денари поради непочитување на повеќе закони поврзани со трговијата.
Од Државниот пазарен инспекторат информираат и дека инспекторите и во следниот период ќе бидат на терен и ќе постапуваат во согласност со своите надлежности, врши редовни и вонредни надзори и контроли.
Инспекторатот ги повикува граѓаните да го информраат за забележаните неравилности во работењето на трговците.