More

    Инспекторатот за труд минатиот месец опоменал 65 работодавачи дека не исплатиле регрес за годишен одмор, а на тројца од нив им е изречена мерка наредба

    spot_img

    Инспекторатот за труд минатиот месец опоменал 65 работодавачи дека не исплатиле регрес за годишен одмор, а на тројца од нив им е изречена мерка наредба.

    Во овој месец инспекторите извршиле вонредни инспекциски надзори кај вкупно 230 работодавачи по пријава на работници дека не им е исплатен регрес на годишен одмор.

    – Донесени се вкупно 68 решенија за отстранување на недостатокот, односно за исплата на регрес, од кои 65 се со инспекциска мерка опомена и 3 се со наредба – информираат од трудовиот инспекторат.

    Податоците покажуваат дека најголемиот дел од поплаките на работниците се однесуваат за приватни работодавачи, но има и неколку од јавниот сектор.

    Од инспекторатот велат дека и во текот на овој месец ќе се вршат контроли за исплата на К-15.

    Законот утврдува казна затвор од една година за работодавачите кои не исплатиле регрес за годишен одмор или го исплатиле и потоа го побарале назад.

    Од синдикатите велат дека речиси сите приватни компании во кои постојат синдикални организации исплатија законските суми на регресот, освен во компаниите каде што се исполнети услови за намален износ поради финансиски проблеми. За нив е дадена согласност и од синдикатите.

    Тешко се доаѓа до податоци колку од компаниите во приватниот сектор кои немаат синдикални организации исплатиле регрес за годишен одмор.

    Во јавниот сектор, пак, проблемот на исплата на регрес за годишен одмор произлегува од фактот што не е потпишан општ колективен договор за јавен сектор, ниту пак има колективни договори по гранки. Регрес за годишен одмор добиле вработените од јавниот сектор кои се членови на синдикатот на УПОЗ и тоа во износ од 9.000 денари како што е договорено во колективниот договор. Од УПОЗ велат дека вработените во овие државни институции примиле К-15 и за 2020 година како резултат на голем број тужби на вработените.

    Според членот 35 од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, регресот за годишен одмор се исплатува во висина од најмалку 40% од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач.

    Основицата за пресметување на надоместоците на работниците претставува просечната месечна нето-плата по работник исплатена во последните три месеци.

    Кај работодавачите во кои нема формирано синдикат спогодбата се потпишува со избран претставник од работниците.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img