Операта „Турандот“ од Џакомо Пучини ќе биде изведена на 13 октомври 2023 со почеток 20.00 часот во Националната опера и балет. Спектакуларната продукција на епската бајка на еден од најславните и најбарани оперски режисери на денешницата, Џанкарло дел Монако, повторно на сцената на Националната опера и балет. Македонската публика повеќе од десет години неуморно го исполнува гледалиштето при секоја најава на овој наслов.
Информација за изведбата на оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини на 13.10.2023, 20.00 ч.
