Информација за изведба на балетскиот бисер „Есмералда“ од Чезаре Пуњи на 4 ноември 2023 во 20.00 ч.

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Еден од бисерите на балетската уметност „Есмералда“  од италијанскиот композитор Чезаре Пуњи, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 4 ноември 2023 со почеток во 20.00 часот. Приказната за убавата Есмералда, инспирирана од романот „Ѕвонарот на Богородичната црква” од Виктор Иго, ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска,  а ќе јас пренесе реномираниот кореограф од Русија, Михаил Крапивин, раскошната сценографија и костимографија се на  Живојин Трајановиќ и Љупка Ристовска, концерт-мајстор е Климент Тодороски.

Во насловната улога ќе настапи примабалерината, Марија Кичевска-Шокаровска, во улогата на Феб ќе настапи Франциско Хименез Руиз (Шпанија), во улогата на Флер де Лис, Ивана Коцевска, во улогата на Гудула ќе настапи Ангела Богатинова, Клод Фроло е Мирослав Митрашиновиќ, Квазимодо: Јан Кисилев.

Настапуваат балетските солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Share This Article