Романтичниот балет во два чина „Жизел “ од Адолф Адам ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 2 март со почеток во 20.00 ч.
Магичната и безвременска приказна за несреќната љубов, преточена во музиката на францускиот композитор Адолф Адам, а во кореографија на Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа, Леонид Лавровски. Адаптацијата на кореографијата е на Ирена Пасариќ од Хрватска. Диригент на претставите е Иван Еминовиќ. Костимографијата е на Александар Ношпал, сценографијата на Александар Ношпал и Михајло Стојановски, светло дизајн: Милчо Александров.
Во насловната улога ќе настапи примабалерината, Мими Поп Алексова Атанасовска, во улогата на Алберт ќе настапи, Франциско Хименез Руиз (Шпанија), во улогата на Мирта: Илијана Данилов, во улогата на Хиларион Бобан Ковачевски.
Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.