Информација за ексклузивен гала настан „Жените на Пучини“ на 19 ноември, 20.00 ч. во фоајето на Националната опера и балет во рамките на „Месец на Пучини“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Почитувани,

На 19 ноември со почеток во 20.00 часот во фоајето на Националната опера и балет ќе се одржи ексклузивен гала настан, насловен како „Жените на Пучини“, во рамките на проектот „Месец на Пучини“. 

Публиката ќе има единствена можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите и најпопуларни арии од  големиот италијански композитор Џакомо Пучини. На ексклузивниот гала настан ќе настапат нашите оперски солистки: Весна Ѓиновска Илкова , Сандра Митровска, Павлина Новакова Георгиев, Злата Тошевска, Александра Лазаревска Василевски, Катерина Стојановска, Билјана Јосифов и Илина Митревска, со  пијано придружба: Андреј Наунов, режисер на настанот е Дејан Прошев.

Во исто време во фоајето е поставена изложба од богатата архива на Националната опера и балет, насловена како „Пучини низ историјата на МОБ“.

Како институција, имаме одговорност да ја негуваме уметноста и да ја пренесеме на идните генерации. Посветени сме да ја збогатиме културната сцена во земјата преку репертоар и настани прилагодени за сите возрасти.
Овој настан претставува кулминација на нашата годишна културна понуда и можност за дружење со уметниците и креативниот тим на Националната опера во извонредна атмосфера.

Бројот на билетите е ограничен!

Share This Article