Сопругата на арапскиот милионер Џамал Бин Надак, инфлуенсерката Сауди, тврди дека нејзиниот сопруг ѝ купил приватен остров.
Таа на Инстаграм објави видео на кое се гледа како таа и нејзиниот сопруг патуваат со авион, а потоа го фотографирала островот. „Сакав да облечам бикини, па сопругот милионер ми купи остров“, напиша таа со видеото кое за неколку дена предизвика бројни реакции.
„Ако е толку богат, зошто нѐ изнајми авион?“, „Подобро да ги донираш парите“, „Секако дека не те купил“, „Каква штета“, „Можеби ти купил остров, но само во соништата“, „Не, ништо не ти верувам, покажи ни ги фотографиите“, коментираат под видеото на кои Сауди не одговори.
Инаку, следбениците неодамна ја прашаа Сауди зошто никогаш не го покажува својот дом на социјалните мрежи. Со оглед на тоа што Сауди споделува многу за нејзиниот живот со милионерот, многумина беа изненадени од нејзиниот одговор. „Мојот дом е мојот приватен простор“, напишала таа.
Нејзините објави привлекуваат големо внимание и многу коментари. Таа неодамна објави видео со наслов: „Работи што ги направив за да го налутам мојот сопруг милионер“.
„Му го удрив автомобилот, купив две биркин чанти во иста боја, случајно купив уште еден коњ, патував без него, нарачав премногу храна што не ја изедов, не му родив близнаци“, напишала таа.
Инаку, Сауди по потекло е од Велика Британија, а сега живее со сопругот во Дубаи.
Таа со своите следбеници сподели список со барања кои ги замолила од сопругот да ги исполни кога се омажила, а во едно видео открила колку троши нејзиниот сопруг неделно за неа.