Инфлацијата од 10 отсто им ги празни џебовите

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Речиси осум милиони луѓе во Велика Британија се мачат да ги платат нивните сметки додека животните трошоци бележат пораст, јави Би-би-си.

Управата за финансиско работење процени дека 7,8 милиони лица сега сметките ги гледаат како „тежок товар”, во споредба со 5,3 милиони во 2020 година.

Цените на енергијата, храната и горивото остро се зголемија изминатите шест месеци, делумно поради војната во Украина.

Инфлацијата, стапката со што растат цените, се зголеми на 10,1 отсто минатиот месец, наведува Би-би-си.

Граѓаните во Велика Британија купуваат помалку, отколку пред пандемијата од коронавирусот.

Обемот на продажба на мало падна повеќе од очекуваното од 1,4 отсто минатиот месец, продолжувајќи го падот од август.

– Потрошувачите сега купуваат помалку, отколку пред пандемијата – изјави Дарен Морган од Канцеларијата за национална статистика.

Како што изјави Морган, трговците на мало појасниле дека падот во септември делмно се должи и на затворените продавници поради погребот на кралицата, но влијаеле и ценовните притисоци, што ги тераат потрошувачите да бидат внимателни при трошењето пари.

Морган додаде дека забележан е пад во сите видови продавници, а најостар има кај оние за храна.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article