More

    Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври 2024 година, во однос на октомври 2023 година, бележи зголемување од 3,5 %, а цените на мало бележи зголемување од 3,9%

    spot_img

    Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври 2024 година, во однос на октомври 2023 година, бележи зголемување од 3,5 %, а цените на мало бележи зголемување од 3,9%, објави Државниот завод за статистика.

    На месечно ниво инфлацијата во октомври во однос на септември е намалена за 0,7 , а цените на мало се намалени за 0,1%.

    Според Статистика, намалувањето на инфлацијата на месечна основа е резултат на пониските трошоците на животот во  групите: храна и безалкохолни пијалаци за 2,2 %, ресторани и хотели за 1,5 % и во групата рекреација и култура за 0,9 %.

    Зголемување на трошоците на животот е забележано во групите: алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 3,4 %, облека и обувки за 1,4 %, транспорт за 0,7 %, здравје за 0,3 %, домување, вода, електрика, гас и други горива, разновидни стоки и услуги за 0,2 %,  и во групата мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата и комуникации за 0,1 %.

    Трошоците на животот во групата образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

    Во септември инфлацијата изнесуваше 2,6%, додека во август таа изнесуваше 2,2 %.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img