Откако на 18 декември го прослави својот 59-ти роденден со убавата Инес, Бред Пит одлучи да ја дочека Новата година со атрактивната бринета.
Бред Пит за својот прв одмор со новата девојка Инес де Рамон ги избра песочните плажи на луксузното мексиканско летувалиште Кабо. Но, нивното доаѓање не остана незабележано. Дежурните папараци успеале да го снимат овој нов пар на лежалките поставени во базенот.
Бред Пит покрај базеното читал книга, прекинувајќи го читањето со разговор со својата згодна девојка која се сончала топлес.
По брачниот бродолом и сѐ уште актуелниот развод со Анџелина Џоли, 59-годишниот холивудски актер Бред Пит повторно е вљубен. Холивудскиот миленик на жените во ноември минатата година беше виден во друштво на 29-годишната Инес де Рамон на концертот Бон Вокс во Лос Анџелес. Иако најпрвин го поврзуваа со американската манекенка Емили Ратајковски, се чини дека најпосакуваниот ерген сепак падна на шармот на поранешната сопруга на колегата Пол Весли, ѕвезда од серијата „Дневници на вампирите“.
Бред и Инес тогаш пристигнале на концертот Бон Вокс со неговиот автомобил „тесла“, а потоа беиле забележани како разговараат со актерот Шон Пен, супермоделот Синди Крафорд и нејзиниот сопруг, претприемачот Ранде Гербер.
Иако се труделе да бидат воздржани, Пит и Де Рамон повремено се држеле за раце, си шепотеле на уво и биле многу интимни, па нема сомнеж дека тоа не бил само пријателски состанок.
Фотографиите што ги објави „Дејли мејл“, потоа ги преплавија социјалните мрежи.