Индустриското производство во декември лани е намалено за 5,8% во однос на истиот месец претходната година, објави Државниот завод за статистика.
Според податоците, кумулативно за периодот јануари – декември лани со претходната година забележан е раст од само 0,7%.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот „рударство и вадење на камен во декември 2023 година, во однос на декември 2022 година, бележи опаѓање од 3%, во секторот „преработувачка индустрија опаѓање од 3,2 %, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ опаѓање од 23,2 %.
Намалувањето во секторот „преработувачка индустрија“ е резултат, пред сѐ, на намаленото производство на прехранбени производи, облека, основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, на производи од гума и производи од пластични маси, како и на неметални минерални производи и производство на електрична опрема.