Индонезискиот претседател Прабово Субианто го отвори тунелот за пријателство што ја поврзува џамијата Истиквал со катедралата на Пресвета Богородица Успение во главниот град Џакарта.
„Овој тунел не е само симбол на хармонија меѓу верските заедници, туку го одразува и духот на единство и различност, што е карактеристично за индонезиската нација. Да ја одржиме хармонијата, толеранцијата и братството заедно за прогресивна, мирна и просперитетна Индонезија“, рече Субианто.
Изградбата на тунелот започна во декември 2020 година и беше завршена во септември истата година. Но, отворањето до сега се одложуваше поради работа на поставување ѕидни украси.
Проектот беше одобрен и спроведен од тогашниот претседател на Индонезија, Јоко Видодо.
Во септември, поглаварот на Римокатоличката црква и Ватикан, папата Франциско, го посети тунелот во друштво на главниот имам на џамијата Истиквал, Насарудин Умар.
„Овие две места за богослужба овозможуваат средба, дијалог…, вистинско искуство на братството“, рече папата Фрањо.
Папата Франциско повика на зачувување на врските на пријателството.
„Можеме да учиме едни од други традиции и да се здружиме за да ги задоволиме нашите човечки и духовни потреби“, рече папата Фрањо.