More

    Индискиот премиер на Самитот на Г20 го претстави новото име на земјата

    spot_img

    Индискиот премиер Нарендра Моди се обрати на првата сесија на самитот на Г20 во Њу Делхи како премиер на државата Bharat (Барат), официјално хинду име за Индија. На масата пред него стои новото име на земјата, бидејќи Индијците сакаат да го зменат англиското име Индија.

    Претходно индискиот претседател Драупади Мурму испрати покани за вечерата на Г20 каде што се претстави како лидер на Бхарат.

    Индиските медиуми тогаш објавија, повикувајќи се на извори, дека индиската влада ја разгледува можноста за промена на името на земјата во Бхарат и дека ова прашање ќе биде изнесено пред парламентот на посебна седница од 18 до 22 септември.

    Одлуката на Мурму да го користи името на земјата на хинди и можноста за нејзино преименување беа отфрлени од опозициските партии, од кои многу се приклучија на новоформираниот блок I.N.D.I.A. за изборите во 2024 година.

    Моди одржа состанок на владата оваа недела на кој разговараше за подготовките за самитот на Г20 и им наложи на своите министри да се воздржат од расправа за можното преименување на Индија во Бхарат, изјавија информирани извори за индиски Хиндустан Тајмс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img